Кои се електричните возила со најголем домет

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат речиси 40 модели кои можат да поминат преку 400 километри со едно полнење на батеријата

Додека Македонија се уште заглавена во размилсувањата дали ни треба електрификација на сообраќајот и патничките возила, во Европа веќе возот одамна брза напред. Не само што секоја земја сериозно работи на сопствената електрификација и производителите постојано нудат модели кои имаат се поголем домет.

Со едно полнење се изминуваат километри кои порано не беа замисливи, а од друга страна бројот на модели кои имаат навистина добри перформанси на тоа поле постојано се зголемува.

Колегите од Британски What Car? имаа можност да ги тестираат речиси сите возила, и истовремено д аутврдат кое од нив колку може да помине со едно полнење. Магазинот ги наброја најдобрите електрични автомобили во однос на опсегот со едно полнење на батеријата. Сите овие електрични автомобили можат да поминат повеќе од 400 километри со едно полнење.

Во изборот се вклучени 37 модели кои можат да се купат како нови во тековната 2023 година. Сите овие електрични автомобили имаат долг домет, но електричниот S-Klasse има најголем домет.

ТОП-37 електрични автомобили со најголема километража:

*Mercedes-Benz EQS – 727 км.
*Полестар 2 – 653 км.
* BMW i7 – 623 км.

BMW iX – 616 км.
Mercedes-Benz EQE – 611 км.
Tesla Model 3 – 602 km.

Ford Mustang Mach-E – 599 km.
BMW i4 – 587 км.
SUV Mercedes-Benz EQS – 587 km.
BMW i5 – 575 км.
BYD Seal – 570 km.
Volkswagen ID.3 – 558 km.
Skoda Enyaq iV Coupe – 555 km.
Audi Q8 Sportback e-tron – 554 km.
Volvo C40 Recharge – 550 km.
Cupra Born – 550 km.

Skoda Enyaq iV – 546 км.
Audi Q4 Sportback e-tron – 546 km.
Hyundai Ioniq 6 – 544 km.
Volvo XC40 Recharge – 538 km.
Audi Q8 e-tron – 536 km.
Tesla Model Y – 533 km.
Audi Q4 e-tron – 531 km.
Nissan Aria – 529 км.
Volkswagen ID.4 – 528 km.
Kia EV6 – 528 km.
Volkswagen ID.5 – 526 km.
Mercedes-Benz EQA – 521 км.
MG4 – 520 км.
Genesis GV60 – 517 km.
Hyundai Kona Electric – 513 km.
Toyota bZ4X – 512 км.
Porsche Tycan – 512 км.
Hyundai Ioniq 5 – 507 km.

Porsche Taycan Sport Turismo – 497 км.
Audi e-tron GT – 491 km.
Porsche Taycan Cross Turismo – 489 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK