Според податоците на Jato Dynamics, од почетокот на годината до август, дури 19% од електричните возила регистрирани во Европа се произведени во Кина.
Некогаш кинеските возила можеа само да „сонуваат“ да се појават на европскиот пазар бидејќи заостануваа и со квалитет и со технологија. Но, сега тоа е веќе драстично сменето. Не само поради фактот што и да нема европски призводител што нема свој погон на далечниот исток, туку и што се повеќе автомобили произведени во Кина доаѓаат на европскиот пазар.
Голем број кинески производители одлучија да се прошират на европскиот и американскиот пазар. Кина игра се поважна улога во продажбата на електрични автомобили на стариот континент. Според податоците на Jato Dynamics, од почетокот на годината до август, дури 19% од електричните возила регистрирани во Европа се произведени во Кина. Азиската земја веќе е блиску зад Германија, која има удел од 22%.
Саемот за автомобили во Париз ќе биде пример за промени. Кинескиот BYD ќе изложи три модели кои ќе ги продава во Европа, а кинеската MG исто така очекува многу од компактниот модел MG4, кој се натпреварува по цена дури и со електрични автомобили помали од него. Од друга страна, повторно кинеските NIO и Xpeng исто така тргнаа да го освојуваат европскиот пазар со своите возила.
Засега, поголемиот дел од електричните автомобили што се продаваат со ознаката Made in China се брендови како Tesla, кои сочинуваат половина од увозот во Европа од Кина, според Jato Dynamics.
Друг модел што ги зголемува продажните бројки на кинески возила е Dacia Spring, кој се произведува во Кина за целиот свет и чии 30.000 единици беа нарачани во првата половина на 2022 година.