Кинеската „буба“ доаѓа во март – VW уште молчи

ОБЈАВЕНО НА:

Официјалната премиера на сериските верзии во Кина е закажана за 30 март и покрај тоа што адвокатите на Volkswagen претходно изјавија дека го истражуваат случајот поради сличноста со легендарниот германски автомобил од 20 век.

Минатата година кинеската компанија Great Wall ги претстави моделите ORA Ballet Cat и ORA Punk Cat, чиј дизајн е практично копија на оригиналниот VW .Од германскиот производител одговараат дека истражуваат дали има повреда на нивното право на модел или дизајн, но се уште не реагирале конкретно.

Ова се практично две верзии на истиот модел кои се разликуваат по некои стилски детали, како што се формите на светлата: првиот модел, Punk Cat, беше премиерно прикажан во претпродукција верзија во април 2021 година на Саемот за автомобили во Пекинг, додека вториот, „поженствен“го носи името Ballet Cat.

И во двата случаи инспирацијата за дизајнот на „Буба“ е повеќе од очигледна. Кога за прв пат беше претставен Punk Cat, oд Volkswagen изјавија дека истражуваат дали има повреда на правата на моделот или дизајнот на Volkswagen AG и го задржува правото да ги преземе сите неопходни правни дејствија.

Останува нејасно што се случило во меѓувреме – како размислува VW сега и дали ќе преземе некакви правни мерки.

Инаку, техничките детали објавени за двата модели откриваат дека должината на возилото е 4401 мм., ширина 1880 мм., а висината 1633 мм. додека меѓуоскиното растојание е 2750 мм.

Во понудата ќе има само еден електричен мотор, во комбинација со две различни батерии. Основните модели ќе користат батерија од 47,8 kWh, додека поскапите ќе добијат пакет со капацитет од 59,1 kWh. Двата модели ќе бидат придвижувани од електричен мотор со 170 КС и 250 Nm, додека максималната брзина ќе биде 155 km/h.

Автономијата на возење со полна батерија се проценува на над 500 км.,

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK