Кина сака до 2030 година да има 40 отсто возила на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот автомобилски пазар во светот, Кина има план до 2030 година да стана и најголем пазар на електрични возила, и тој процент да биде 40 отсто. Амбициозниот план на Кинезите предвидува бројката на продадени возила да биде 15 милиони. Најмалите возила би биле целосно на струја а поголемите – плаг ин технологија.

Една од причините за ваквата одлука на кинеската влада е се поголемата загаденост на воздухот, а истовремено да се зголеми и безбедноста на патиштата. Плановите за следните 15 години предвидуваат многу значајни промени на патниот сообраќај. Во направениот извештај се вели дека до 2025 година, дури 20 отсто од автомобилите што се движа на кинеските патишта ќе користат некој вид на автопилот или самовозечка технологија, додека до 2030 година околу 40 отсто од автомобилите би користеле струја како погон за движење.

Според последните информации во 2015 година во Кина биле продадени 330.000 возила кои спаѓаат во категоријата електрични или плаг ин технологија. Плановите на Кинезите доаѓаат во време кога Renault-Nissan i Volkswagen најавија нудење на евтин модел на електричен погон. Француската компанија реши да им амодел кој би чинел до 8.000 долари, а Германците ќе прават возило заедно со некој локален партнер.

Кина развива и сопствена мрежа на електрополначи низ земјата. Во план е до 2020 година да има 5 милиони места за полнење, а до 2025 тој број да биде 25 милиони, а до 2030 дури 80 милиони места за полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK