Kia Telluride со почетна цена од 31.690 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на годинешниот саем за автомобили во Детроит го имаше своето деби, јужнокорејскиот производител Kia ја објави почетната цена за најголемиот SUV во својата понуда, моделот Telluride.

Така, цената на основната верзија изнесува 31,690 американски долари во САД, а за овие пари добивате 3.8 литарски V6 мотор со 291 КС. Секако тука се 18 инчните алуминумски фелни, LED светлата, сензорите за помош за паркирање, 8 патнички седишта, управувач обложен со кожа, мултимедијален екран на добир, шест USB порти и бројна опрема за безбедност и асистенција при возењето.

Покрај оваа основна верзија, тука се и дополнителни три со многу повеќе опрема и луксуз при ист мотор под хаубата. Поскапата верзија изнесува 33.990 долари и 37.090 долари, а најскапата со SX ниво на опрема изнесува 41.490 долари, а меѓудругото добивате и сончев покрив.

За потсетување, Telluride е изграден на истата платформата како и Hyundai Palisade. И покрај тоа овој модел има поголеми димензии и тоа подолга и поширока со 21 и 14 мм во однос на братскиот модел на Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK