Ќе мора да се почека повеќе – новата Giulietta доаѓа во 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2010 година Alfa Romeo започна да го произведува моделот Giulietta која по прекинот на производството на 22 декември минатата година, не доби директен наследник. Сега некои италијански медиуми пишуваат дека новата, втора генерација во производство ќе се појави во 2025 година.

Тоа значи дека во периодот од речиси 5 години, италијанскиот бренд нема да понуди хечбек модел во својата понуда што секако е надвор од очекувањата за Alfa Romeo, особено по формирањето на Stellantis кога беше потврдено дека овој бренд целосно ќе се реинкарнира.

Она што го пишуваат дополнително италијанските медиуми е тоа дека втората генерација на Giulietta би можело да биде достапна исклучиво во електрична верзија.

Во меѓувреме потврдено е доаѓањето на два нови кросовер модели, Tonale и уште еден помал од B сегментот. Овие два модели треба да се појават во 2022 и 2023 година. Останува непознато дали и кога ќе бидат претставени следните генерации на моделите Giulia и Stelvio.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK