Првиот човек на PSA Групацијата, Карлос Таварез е избран за личност на годината за 2020 година, одлучи жирито на 86 издание на Светски автомобил на годината.
Таварез се најде на подиумот поради одличните резултати што ги покажа во изминатата година како прв човек на најголемиот француски произвдоител. При тоа се потенцираат огромните приходи, враќањето на профитабилноста како и одличните промени кои ги направи во Opel правејќи го германскиот бренд повторно профитабилен.
Токму и финализацијата на аквизацијата на Opel како и отпочнувањето на спојувањето со FCA Групацијата се вбројуваат во причините за оваа награда.
За потсетување, за 2019 година наградата припадна на Серџо Маркијоне, а година претходно оваа награда ја доби Хакан Самуелсон, прв човек на Volvo.