Киперите се камиони кои се разликуваат од обичните камиони кои пренесуваат руда. Тие се подолги каросерии и во многу наликуваат на тркачките болиди. Обликот им е чуден, но товарната платформа е многу ниска. Меѓу најзабележителните во оваа класа се машините од американската компанија Kress.
Овие кипери кои се користат за превоз на јаглен не можат да се видат на автопатите. Се движат само по специјално подготвена патека, а при носење на товар на секоја од оските се надминуваат 50 тони, додека габаритната ширина е многу повеќе од дозволените 2,5 метри.
Карактеристична е конструкцијата со широка шасија и мало истоварање. Некои од овие машини се како вистински фабрики на тркала. Има гигантски размери и неверојатна можност како Kress 200CIII Coal Hauler.
Kress Corporation е формирана во 1965 година. Произведува специјализирана индустриска опрема за транспорт и преработка на челик, песок, јаглен и други тешки материјали, кои се користат во метелуршките фабрики.
Kress 200CIII Coal Hauler, е изработен за експлоатирање на јаглен. Ги има највисоките оценки за сооднос меѓу количината на товарот и тежината. Нуди најниски трошоци за транспорт на еден тон материјал и развива највисока брзина за такви машини до 68 км/ч.
Движењето е доверено на дизел Cat 3512B HD со моќност од 2 100 коњски сили, а има и резервоар со обем од 2800 литри. Може да се превезува товар од 228 до 298 кубни метри. Носивоста е 220 тона, а камионот е со неверојатни можнбости за маневар и може практично да врти во место со оглед на тоа што тркалата се напумпани со азот и можат да вртат до 85 степени.
Специјалната конструкција на шасијата ги намалува вибрациите до минимум.