Какво возило на старо да изберете – германско или јапонско?

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на автомобили постојано спорат околу темата „Кои се најсигурни возила – германските или јапонските“. Секој има свој сопствен избор по ова прашање, но најголем дел од сопствениците се базираат на еден или најмногу 4-5 автомобили.

Статистички податоци недостигаа, но анализа имаат направено специјалистите од CarPrice, кои во рок од една година и тоа од јули 2017 до јули 2018 година ја проучуваат состојбата на 31.670 користени германски автомобили  и на 20.880 јапонски возила на старо.

За анализите се земани пет од најраспространетите јапонски брендови (Toyota, Nissan, Honda, Subaru, Suzuki, Mitsubishi) и пет од најпопуларните германски брендови (Audi, Mercedes Benz, BMW, Volkswagen, Opel). Секое возило е оценето на по 600 параметри, а еве како изгледаат резултатите.

До 3 години

До ваква возраст автомобилите се практично нови и нема значителни проблеми ниту кај јапонските ниту кај германските возила. Единствено кај германските е подобра состојбата на салонот. Од нив лидер кај германските автомобили е BMW, додека кај јапонските е Honda.

Од 3 до 5 години

Општата состојба исто така останува добра и кај двете групи, но во однос на надворешноста и внатрешнота одново лидери се Германците. Овој пат во прв план е Mercedes-Benz, додека кај јапонските возила одново лидер е Honda.

Од 5 до 7 години

Во овој период цените на германските и јапонските автомобили се израмнуваат, со оглед на тоа што во оваа возраст основен критериум, кој се бара кај купувачите е сигурноста. Тука јапонските автомобили излегуваат за гради понапред. Лидер и тука е Honda, а најдобар претставник на германските брендови е Mercedes.

Од 7 до 10 години

Сигурноста кај јапонските автомобили продолжува да држи високо ниво, додека германските автомобили отстапуваат уште повеќе. Што се однесува до каросеријата и салонот, тој најдобро е претставен од Suzuki. Од гледна точка на техничка исправност лидер е Toyota. Германците кои ја губат битката на оваа возраст на автомобили своите најдобри претставници ги имаат во BMW и во Mercedes.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK