Особено во зима често се случува да не успеете да го стартувате моторот. Веројатно причината за тоа што не сака да запали е во испразнет акумулатор, па затоа во ваква ситуација има две решенија. Едната е туркање на возилото, додека другата е да се стартува моторот со кабли со помош на преземање струја од друг автомобил.
Туркањето не е воопшто лесно и во пракса немате потреба од ништо освен барем еден до двајца посилни пријатели и тоа доколку сте морале да паркирате на место кое не е рамно. Проблемот со ова е дека не е препопрачиво кај сите возила, а кај некои е многу опасно за моторот.
Затоа концентрацијата ќе биде ставена на стартување на моторот со кабли со преземање на струја од друго возило. Како се прави и колку процедурата која трае пет минути може да биде сложена?
Во пракса процесот е навистина лесен за исполнување и за потребни се само комплет кабли и колега возач со исправен автомобил кој ќе сака да ве услужи. Идејата е струјата од неговиот акумулатор да даде стартна струја на потрошената батерија на автомобилот со дефект и да дозволи на стартерот да го заврти замаецот и моторот да почне да работи. Неколку секунди се доволни да почне алтернаторот да произведува струја и каблите да можат да бидат откачени.
Како и кај секоја електроника, и тука треба да се внимава бидејќи се ризикува струен удар. Тој нема да ве убие, но може да расипе еден од двата автомобили. Затоа треба да се преземат следните чекори.
КАБЛИ
Секој стандарден комплет на кабли би треба да заврши работа, но ако треба да купувате најдобро е да изберете подебели кабли и постабилни клеми бидејќи тие ќе издржат повеќе години, а и ќе обезбедат подобра врска меѓу двата акумулатори. Исто така должината е од значење бидејќи некога просторот е ограничен и нема како возилото, кое дава струја, да се приближи доволно близу до расипаниот автомобил.
ВРСКА
Многу е важно да внимавате да не ги допрете клемите на црвениот и на црниот кабел кога низ нив веќе тече струја. Кога велиме струја, во возилата тоа е со напон од 12 волти така што ништо нема да ви се случи и доколку ја допрете клемата. Лошо е, ако настане краток спој кој може да создаде искри и да ја оштети електрониката на едниот од двата автомобили. Најмалку што треба да барата е здрав осигурувач, кој на пат не е лесна задача.
Најдобро е да го замолите возачот на автомобилот во исправна состојба да го фати едниот крај на каблите, а вие друиот за да нема ризик од подоцнежно соединување. Со цел да се олесни манипулацијата двете возила треба да се максимално близу едно до друго.
Донаторот на струја треба да работи со отворен капак и локализиран акумулатор. На поновите возила акумулаторите се покриени со пластика, која треба да се отстрани за да имате пристап до терминалите на батеријата. Најверојатно нема да висе неопходни никакви инструменти, а едноставно ќе треба да отворите неколку клипови.
Кога ќе го тргнете капакот и веќе имате пристап до терминалите ќе треба да утврдите кој е позитивниот, а кој негативниот означени со соодветни „+“ и „-“. Нормално црвениот кабел е прикачен за позитивниот терминал, што е причина за уште полесно препознавање.
Избришете ја прашината и мрснотијата која често ги покрива терминалите на акумулаторот за да бидете сигурни дека врската е стабилна. После ова следува најважното.
ЧЕКОР 1: Прво зацврстете ја клемата на црвениот кабел кон одговарачкиот терминал на потрошениот акумулатор.
ЧЕКОР 2: Потоа поврзете го истиот кабел со плусот на акумулаторот кој е во функција.
ЧЕКОР 3: Следната работа е прицврстување на црната клема кон минусот на акумулаторот кој работи.
ЧЕКОР 4: На крај поврзете го другиот крај кон метална компонента на моторот или на дел од шасијата место да ја прикаќите на негативниот терминал на потрошениот акумулатор.
Тоа е најбезбедниот начин за поврзување меѓу двата акумулатори.
СТАРТУВАЈТЕ ГИ МОТОРИТЕ
Прво стартувајте го моторот на автокомобилот кој е во добра состојба и оставете го малку да поработи. Ако дефектното возило е со дизелов мотор подобро да го оставите моторот на „донорот“ да работи подолго време.
Обидете се да го запалите автомобилот. Ако светлата во ентериерот засветат, стартерот врти, но моторот не сака да запали, па тогаш проблемот е друг. Ако слушнете лесно штракање кога ќе завртите со клучот најверојатно стартерот ви е за ремонт.
Користете мултиметар, ако имате таков при рака се разбира, за да го тестирате притисокот во акумулаторот. Тој варира во зависност од соодветниот автомобил, но општо мултриметарот треба да покажува малку над 12 волти кај моторот што е оштетен. Ако акумултроот е во добра состојба тогаш проблемот е друг.
Ако автомобилот запали и процедурата со каблите се покаже успешна тогаш освете да работи и внимателно откачете ги каблите, следејќи ја истата постапка, но во обратен редослед. Одново внимавајте да не ги допрете двете клеми.
Не го гасете моторот веднаш туку оставете го да поработи или најдобро возете го автомобилот извесно време за да нема нови проблеми при следното палење. Во повеќето случаи тоа ќе ви даде неколку дена за да отидете до продавница и да си купите нов акумулатори. Во некои од случаите, пак, акумулаторот е толку уништен што веднаш ќе морате да се упатите кон продавница.
Тоа е „тајната“ на палењето на автомобил со кабли од друго возило. Едноставно решение, кое може да ве спаси од доста главоболки.