Кабриолет изведбата на T-Roc на саемот во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Франкфурт свое деби имаше кабриолет изведбата на Volkswagen T-Roc која конечно ќе влезе во производство по бројните шпекулации околу иднината.

Станува збор за модел кој се темели на MEB платформата на Volkswagen и во целост како технолошки така и естетски ги дели елементите со основниот модел на T-Roc.

Разликата во однос на основната изведба покрај во покривот се огледа и во меѓуоскиното растојание. Така тоа кај кабрио изведбата е поголемо за 37 мм. Оваа изведба има и поголема структурна цврстина особено кај вратите т.е. страничните панели и рамките од страничните прозори и тоа за потребите на покривот.

Производството на овој модел ќе започне кон крајот на годинава, а ќе се произведува во фабриката во Оснабрик (Германија) за чие прилагодување VW веќе издвои 80 милиони евра, а годишно е планирано да се произведуваат до 20 илјади возила наменети само за одредени пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK