Кабрио изведбата на Lexuc LC дебитираше во Детроит

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во 2017 година јапонскиот производител Lexus и официјално во производство го воведе моделот LC, сега, на саемот во Детроит е претставена кабрио изведбата како концептно возило.

Дизајнот на ова концептно возило е идентично како и основната изведба, а зад него се потпишува Тадао Мори, главниот шеф за дизајн на Lexus како и Пансо Квон и Едвард Ли кој работеа на иницијалниот концепт.

Токму Тадао Мори во пресрет на премиерата изјави дека овој автомобил е спој на оригинално купе со динамичен дизајн. Тој веќе претходно откри некој технички карактеристики па така должината изнесува 4.770 мм, широчината 1.920 мм додека висинта само 1.340 мм. Оттука во однос на основниот модел кој веќе се произведува, овој концепт е за 10 мм подолг и за 5 мм поширок додека пак меѓуоскиното растојание останува непроменето и изнесува 2.870 мм.

Во однос на мотористиката овој концепт во производство ќе влезе со 5.0 литарски бензински и 3.5 литарски хибриден мотор со 10 степен автоматски менувач.

Иако нема официјална потврда, производството на овој модел се очекува да започне кон средината на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK