Juke со нова генерација и електрична изведба доаѓа оваа година

ОБЈАВЕНО НА:

По долгите најави, втората генерација на популарниот SUV на Nissan доаѓа ова лето, потврдуваат од јапонскиот производител.

Покрај основната изведба која ќе располага со 1.0 литарски и 1.6 литарски бензински мотор, во понудата доаѓа и целосно електрична изведба која е биде претставена кон крајот на годината. При тоа најпопуларниот дизелски мотор во Renault-Nissan Алијансата, 1.5 литарскиот dCi мотор нема да добие простор во понудата.

Втората генерација на овој модел ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio. Токму оваа платформа поддржува електрификацијаа, а Алијансата покрај за моделот Clio, ја подготвува и за Juke кој на пазарот ќе дојде како директен конкурент на Hyundai Kona.

Новиот Juke ќе се произведува во европската фабрика во Сандерленд каде минатата година прослави јубилеј од 1 милион произведени Juke автомобили. Цените на основната и електричната изведба остануваат непознати.

Инаку Juke за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK