Jeep бара да се забрани продажбата на Mahindra Roxor во САД – еве и зошто

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Jeep побара од властите во САД, а особено Меѓународната трговска комисија да ја забрани продажбата на Roxor, модел на индискиот гигант Mahindra.

Причината за овој потег на Jeep е повеќе од очигледна и е поттикната од буквално, копијата на дизајнот на моделот Willys на Jeep. FCA повикувајќи се на актуелните законски регулативи во САД и објаснувајќи ја идентичноста на овие два модели, побара надлежните служби веднаш да ја забранат продажбата на овој модел.

FCA наведува дека против индиската компанија ќе покрене тужба поради повреда на својата сопственост.

Инаку Mahindra, која во бизнис светот е присутна во повеќе индустрии и сегменти, е во фаза на големи инвестиции во САД што вклучува и изградба на фабрика во Мичиген.

Ваквиот потег на Mahindra ги загрижи домашните производители на SUV возила особено поради фактот што Mahindra произведува нискобуџетни возила што значи дека овој производител ценовно ќе им парира на Jeep, Cadillac, Ford, RAM и останатите производители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK