Измислија нова смеса за пополнување дупки на пат – трае и до 60 години

ОБЈАВЕНО НА:

Санирањето на дупки на патиштата е макотрпна работа која бара многу финансии, а често се случува на исто место. Во многу држави се издвојуваат милијарди евра за решавање на овој сериозен проблем и логично е да се бараат ефикасни решенија. Тоа е проблем што најмногу ги засега возачите кои често се жалат на многуте дупки на патиштата, а тоа директно влијае на состојбата на возилата.

Фирмата Roadmender Asphalt од Велика Британија го претстави новиот материјал за санирање на дупки кој е многу поевтин од асфалтот. Се состои од 65 проценти рециклиран асфалт и рециклирани гуми (11 гуми на тон материјал) и уште некои други состојки.

Од компанијата го доби името Elastomac. Кога ќе се постави на асфалтна или на бетонска подлога, целиот материјал (или неговите остатоци) може да се рециклира така што нема да има остатоци односно ништо не се фрла.

Уште една предност на Elastomac е тоа што доаѓа во пелети и е можно да се замеша на местото каде што е потребно да се направат корекции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK