Иновација: Направија кросовер, кој се полни еднаш неделно

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата JAC објави пуштање на електричен кросовер кој во Кина ќе се произведува во партнерство со германскиот концерн Volkswagen. При определени услови, батериите на електромобилот ќе се полнат еднаш неделно.

Кросоверот се вика JAC iEVS4, а опремен е со моќен агрегат од 3. генерација, кој е развиен од специјалното одделение на кинеската компанија. Од JAC не откриваат технички карактеристики за моделот, но, сепак, соопштуваат дека со едно полнење може да помине 470 километри. Според инженерите на ЈАС, ако возилото се користи само во градски услови, тогаш треба да се полни еднаш на седум дена.

Литиум-јонските батерии имаат капацитет од 66 кВт/ч и се снабдени со блок за течно ладење, благодарение на кој работната температура се движи од 10 до 35 степени. Полнењето на батериите од 30 до 80 проценти одзема 30 минути, а за полнење доволно за поминување 80 км се потребни само 10 минути. Одицијално објавениот ресурс на батериите е 1.000.000 километри.

На локалниот пазар JAC iEVS4 излегува во четири нивоа на опрема, а топ верзиите ќе ги добијат сите познати електронски асистенти. Покрај тоа, кросоверот ќе биде опремен со мултимедиски комплекс со операциски систем од нова генерација, која дозволува со гласовни команди да се управуваат не само звукот и навигацијата туку и климата.

Според стратешкиот план на JAC Motors, во 2025 година околу 30% од продаваните модели на пазарот во Кина треба да бидат електрични.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK