Кога се купуваат автомобили обично производителите сакаат во основното ниво да понудат што е можно повеќе опрема за да бидат купувачите позадовлни. Но, кога станува збор за луксузните возила тоа не важи. Според пишувањерто на Блумберг, Rolls Royce нема продадено ниту еден примерок од својот прв SUV модел Cullinan во својата основна верзија.
Овој основен Cullinan се движи од 300.000 долари, и кој има толку многу пари без никакви проблеми може да додаде уште неколку илјади и да го прилагоди најголемиот RR само на вашите потреби.
Клиентите можат да изберат специфични детали како што се позлатени дрвени орнаменти, заштитни стакла помеѓу патничкиот и возачкиот простор, специјални кожени седишта кои се движат кон задниот дел на возилото за посебно ултра луксузно искуство.
Блумберг објави дека персонализацијата ја зголемува цената на Cullinan за околу 40 проценти и дека Rolls Royce направил полн погодок со ова е фактот дека тој ангажирал уште 100 работници само во одделот за персонализација.