И Seat Leon потфрли на тестот на km77 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Тестот “Еленски скок” кој го спроведува шпанскиот магазин km77 е вистинска главоболка за производителите на автомобили.

Последен во низата автомобили кој се најде на маки е новиот Seat Leon.

Овој модел не успеа да ги помине пречките при брзина од 77 км/ч. Овој модел не успеа да ги премине и при брзина од 73 км/ч во нормален мод, додека во спортскиот мод успеа да ги помине за 75 км/ч.

Интересно е што претходната генерација на Leon со истите гуми, Bridgestone Potenza, успеа да го помине тестот успешно со точно 77 км/ч, а сега, новата генерација покажува дека има за малку послаби перформанси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK