И Opel станува целосно електричен бренд, а влегува и во Кина (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За време на тематскиот настан EV Day 2021, автомобилскиот гигант Stellantis ги објави амбициозните планови за електрификацијата на портфолиото на сите 14 брендови: Alfa Romeo, Chrysler, Citroen, Dodge, DS Automobiles, FIAT, FIAT Professional, Jeep, Lancia, Maserati, Opel, Peugeot, Ram Trucks, Vauxhall.

Освен импресивната инвестиција од 30 милијарди евра до 2025 година, Stellantis објави и интересн детали за иднината на брендот Opel и нејзиниот англиски еквивалент Vauxhall. Еден од основните акценти во блиска иднина на брендот е воведувањето во продажба на новата Manta, која ќе биде со целосно електричен погон. Овој модел е и показател за развој на понудата на компанијата, која ќе биде составена од електрични автомобили до 2028 година.

„Електрификацијата во Оpel означува емоција за нашите клиенти. Opel ќе биде целосносно електрифициран до 2024 година. Во 2028 година, Opel  ќе биде целосно електричен на територија на цела Европа“, вели Михаел Лошелер, кој е извршен директор на Opel.

„Тука доаѓа и другата голема новост од денеска, а тоа е дека Opel оди во Кина. Се разбира 100 проценти електричен“, додава Лохшелер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK