И новата генерација на Opel Corsa по стапките на Peugeot 208 – освои само четири ѕвезди на краш тестот на Euro NCAP, покажува официјалниот извештај.
Новата Corsa се темели на PSA EMP1 т.е. CMP (Common Modular Platform) платформата развиена од страна на PSA Групацијата, а на истата се темели и Peugeot 208. Оттука очекувано беше да двата автомобили остварат ист број на ѕвезди.
Сепак, гледано според скорот, новата Corsa има послаби перформанси во споредба со Peugeot 208. Во однос на безбедноста на возачот овој автомобил оствари скор од 84%, а во однос на безбедноста на децата 86%.
Со стандардното ниво на опременост, Opel Corsa оствари 66% скор во поглед на безбедноста на пешаците, а за безбедносната асистенција на возачот 69%.