За некои клучевите претставуваат нужно зло и начин за отклучување и влегување во автомобил, додека некои со гордост гледаат на нив. Во секој случај, клучевите и понатаму се задолжителен дел за сопствеништво на автомобилот. И се разбира дел од фалењето кога сте во кафена, па онака клучот заедно со мобилниот телефон го оставате на масата за другите да видат што возите.
Со текот на годините во смисол на остранување на клучевите од списокот на опрема за автомобилите, неколку произведувачи вложија голем труд, но сето тоа беше залудно бидејќи клучот од автомобилите претставува прв контакт со она што го вози едно лице и со тоа си себе врзува одредена количина на емоции.
Воглавно, тоа се неколку клучеви кои со текот на годините испаднаа посакувани речиси како автомобили кои без нив едноставно не можат.
5.BMW i8
Иако овој автомобил само што излезе од својата експериментална фаза, клучот кој го придвижува изгледа доста импресивно и посакувано. Во денешно време луѓето многу луѓе ги сакаат своите паметни телефони, така што во тој манир момците од одделот на BMW се сетија на клучот на полуелектричниот спортски автомобил да му монтираат дисплеј.
Тешко е да се каже дали оперативниот систем кај секој поединечен клуч е базиран на Андроид, iOSu или во некоја верзија на мобилен Windows.
4.Volkswagen „PCP“
Иако овој клуч на Volkswagen многумина никогаш го немаат видено, сепак, истиот постои. За разлика од конвенционалните клучеви кои отвораат верзии и модели од Европската унија, овој клуч на Volkswagen е наменет за употреба на просторите во Кина каде што компанијата од година во година бележи сè поголем раст.
За жал, проектот не успеа, па PCP-клучот заедно со малиот екран за висока резолуција остана во една од фиоките на шкафот во кој пишува „заборав“.
3.Aston Martin „Jaeger LeCoultre“
„Единицата за емоционална контрола“ (како тој клуч го нарекуваат во Aston Martin) изгледа како евтина копија на клучот со кој сопствениците на Ford и Volvo ги стартуваат своите автомобили.
Сепак, кога се појави „алтернатива“ на евтината копија на клучот на Ford Mondeo, делувае смешно. За разлика од конвенционалните часовници од Jaeger LeCoultre, овој само треба да се допре до стаклото на Aston Martin DB9 или DBS за автомобилот да се отклучи.
Сопствениците на овој автомобил делуваат како да го глумат Џејмс Бонд зад воланот на DBS, но од друга страна идејата, сепак, чини некои 18.000 евра.
2.Pagani Huayra
Pagani Zonda беше прво поглавје од новата Библија на Pagani, но Huayra во сè отиде неколку чекори понатаму и почна нова религија меѓу обожавателите на светот на брзината и екслузивноста.
Во тој прилог оди и клучот за овој автомобил кој е со едноставен и директен дизајн, додека со материјалите и изработката е едноставно совршен.
1.Bugatti Veyron SuperSport
Bugatti Veyron Supersport до неодамна беше најбрзиот автомобил во светот. Покрај таа титула на најбрз автомобил на патиштата на сите времиња стои и фактот дека ова е друг клуч кој нема улога на оној резервен или сервисе, туку со вртење во бравата семестена зад возачкото седиште се спушта карисеријата поблизу до земја, а се менува и аголот на страничниот спојлер и ги затвора крилцата на дифузерот.