Иако овогодинешната сезона е на самиот почеток, започнати се подготовките и за следната сезона. Како што пишуваат повеќе влијателни медиуми, организацискиот одбор на Формула 1 активно работи на новиот календар.
Голем кандидат за влез во календарот е Мајами. Трката во Мајами се најавува уште пред неколку години, но се поизвесно е дека тоа ќе се случи веќе следната година. Трката би започнувала пред Хард Рок стадионот, а не на Булеварот Бискејн како што се најавуваше минатите години.
Трката во Мајами би влегла во календарот на местото на трката во Остин, Тексас, која се вози оваа година, а чиј договор завршува токму оваа година.
За следната сезона засега се потврдени 15 трки и тоа во Австралија, Австрија, Азербејџан, Бахреин, Белгија, Велика Британија, Канада, Холандија, Франција, Унгарија, Италија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија и Бразил.