Hyundai Tucson – лидер во безбедноста и технологиите (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Витруелната светска премиера на целосно новата генерација на хитот на Hyundai, СУВ моделот Tucson, кој дебитира со целосно нов дизајн и стилистика, понуда за лидерство во однос на безбедноста и технологиите и понуда на мотори со класичен и хибриден погон.

Со основни димензии од 4.500 мм, ширина 1.865 мм и висина 1.865 мм и со растојание меѓу оските од 2.680 мм, новиот Hyundai Tucson е за 20 мм подолг и 15 мм поширок од својот претходник.

Новиот автомобил ветува поголема удобнот благодарение на просторниот ентериер, а товарниот капацитет варира од 620 до 1799 литри при спуштени задни седишта.

После повеќе од 7.000.000 произведени возила на глобално ниво, 1,4 милиони нив во Европа, новиот Hyundai Tucson ќе дебитира на пазарот годинава во верзија со стандарден и хибриден погон, а во следната година на пазарот ќе бидат лансирани и неговата plug-in хибридна модификација, како и спортската верзија на N Line.

Во однос на системите за безбедност и асистирање на управувањето и движењето, новиот Tucson доаѓа со технолошко семејство Hyundai SmartSense, во кое фигурираат системи како за избегнување на удар со функција за препознавање на пешаци и велосипедисти, асистент за управување при движење на автопат, адаптивна круз-контрола, интелигентно управување на брзината, паркинг асистент и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK