Hyundai ќе продава фабрика во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor е во интензивни преговори со кинеската влада, а темата на преговорите е продажба на својата фабрика во Пекинг, пренесува новинската агенција Јонхап.

Beijing Hyundai е заедничка компанија помеѓу јужнокорејскиот производител и кинески BAIC и поседува три фабрики во околината на Пекинг. Со оваа постапка, Hyundai поради непознати причина ќе отуѓи една фабрика со што ќе го намали своето присуство во Кина.

Ниту Hyundai, а ниту кинеската компанија не одговорија на прашањата на новинската агенција, но избегнуваањето да се даде одговор ја потврдува намерата на Hyundai.

Кинеските медиуми, објавија дека производителот на електрични возила Li Auto е најсериозен потенцијален купувач на фабриката, но и Li Auto не ги коментираше овие гласини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK