Honda ја стеснува понудата во САД – останува без два модела

ОБЈАВЕНО НА:

Американската дивизија на Honda соопшти дека компанијата ќе ја стесни својата понуда на американскиот пазар со укинување на неколку модели.

Првиот модел кој ќе се повлече од понудата во САД ќе биде Civic Coupe. Овој модел се повлекува поради малиот интерес за него што се гледа во падот на продажбата за 10% во минатата година.

И моделот Fit, кој на повеќе регионални пазари е познат и под називот Jazz нема повеќе да биде дел од понудата во САД. Овој градски автомобил во континуитет бележи пад на продажбата во САД, па со цел да се сконцентрира на профитабилните модели, Honda нема повеќе да го нуди овој модел во САД.

Покрај овие два модели, потврдено е дека во САД повеќе нема да се продава ниту моделот Accord опремен со мануелен менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK