Во фабриката во Барселона, Hispano Suiza и официјално започна со производството на моделот Carmen Boulogne чии први испораки се очекуваат на почетокот на 2022 година.
Ќе бидат произведени само пет примероци од ексклузивната верзија со електричен погон и 14 примероци од основната верзија. Почетната цена на овој модел ќе изнесува 2 милиони американски долари.
Составен дел од овој супер автомобил е 5.2 литарски twin-turbo V10 мотор со неверојатни 1085 КС. До 100 км/ч ќе забрзува за само 2,8 секунди. Максималната ограничена брзина изнесува 380 км/ч што го прави еден од најбрзите автомобили на денешницата.
За потсетување, овој шпански производител е формиран на 14 јуни далечната 1904 година во каталонската престолнина Барселона. Од историјата, до втората Светска војна, овој производител е најголем во Шпанија, а во меѓувреме под лиценцата на овој бренд се отвора фабрика и во Аргентина. Во периодот помеѓу 1918 и 1936 година, Rolls-Royce користи бројни патенти и тогашни иновации развиени од Hispano-Suiza. Сепак поради финансиски проблеми овој производител згаснува во 1968 година.