Новите автомобили на Mercedes AMG ќе бидат опремени со хибриден погон, како кај најмоќните веризии, тоа ќе биде осигурано од 4.0-литарски V8 бeнзински мотор, кој ќе одговара за предната оска и електромотор со 201 коњска сила, кој ќе има погон на задните гуми.
Слична конфигурација, но со 2.0-литарски четирицилиндричен мотор ќе се види и кај новото С63 АMG, кое се очекува да дебитира наскоро. Покрај подготвувањето за премиерата на новите хибридни АMG, германската компанија откри и интересни детали за полнењето на батеријата.
Како што веројатно е познато, поголемиот дел од електрифицираните автомобили нудат рекуперација на енергијата или со други зборови, батеријата се полни кога се притиска на сопирачките или, пак, е спуштате на удолница.
Изгледа од спортската дивизија на Mеrсеdеs откриле и интересен начин по кој тоа се случува, односно додека дрифтате.
Вишокот на енергија, која се обезбедува од гумите при таканареченото лизгање, се враќа во батеријата и на овој начин се полнат.