Горивата поевтинуваат од ноќеска

ОБЈАВЕНО НА:

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 процент во однос на утврдените цени пред една недела.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, а 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинствата е 66,5 денари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK