Golf сѐ уште го држи тронот

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Volkswagen седум години со својот модел Golf e најпродаван автомобил на европскиот пазар. И сега го држи тоа место иако во првиот квартал од годинава има пад од 10,2 отсто во продажбата.

Според податоците на агенцијата focus2move во споредба со истиот период лани, сега продажбата кај Golf е опадната. Во Топ-10 најпродавани возила само кај Opel Corsa има пад, а кај сите други е забележан пораст. Најголем пораст има кај моделот VW Tiguan (+65,3 oтсто), и кај Nissan Qashkai (+ 14,7 отсто) и Opel Astra (+ 12,9 отсто).

Во однос на бројките Golf сега води со продадени 135.549 возила, и е единствен модел што има трицифрена продажба, односно на 100.000. Потоа следува VW Polo со 96.505 возила и Fiesta со 92.683.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK