Петрушевски е третиот Македонец кому тоа му успеало, а овој успех доаѓа во неговата трета трка во кариерата во Twingo Cup. Во Топ-10 на Монца имаше уште тројца други Македонци, кои утре исто така ќе возат на втората трка и ќе се борат за подиум или победа.
Бојан Петрушевски успеа да се искачи на подиумот на Монца на првата трка од EURO Twingo Cup 2023 што викендов се вози во Италија. Иако ова беше само трета негова трка во Twingo Cup, Петрушевски на целта стигна како со 0,535 сек. послабо време од победникот. Ова е прв триумф за Петрушевски во првенството на Македонија во Twingo Cup.
Во последните свиоци нашите возачи не успеаја да се одбранат од нападите на Михајло Младеновиќ, Рок Церар и Лука Глазер. Тие го искористија моментното невнимание на нашите и излегоа напред. Од оваа сезона на трките од Twingo Cup има и постојан судија кој го казни Рок Церар за неговото неспортско возење, иако тој стигна на второто место. Тоа му овозможи на Петрушевски од четвртото да скокне на подиумот и да биде третиот Македонец што има ваков успех. Претходно во 2021 година Марко Блажевски победи на Гробник, а Давид Малинковски беше второпласиран.
Петрушевски лани возеше исто така на Монца и првата трка не ја заврши, а на втората беше шетвртопласиран во првенството на Македонија. Сега беше многу поконстантен, подобар и пред се побрз и на слободните тренинзи и во квалификациите. Во голем дел од трката беше меѓу водечките.
На Монца имаше и влегување на безбедносното возило, и тоа во вториот круг кога Петрушевски го презеде лидерското место, а Треневски беше втор. На еден свиок имаше инцидент во кој најмногу настрада автомобилот на Бојан Семе. Истото остана на патеката и мораше со камион да биде отстрането, по што трката продолжи.
Во Топ-10 на трката на Монца имаше четворица Македонци. Од 5 до 7 место се пласираа Владимир Тренески, Марко Блажевски и Зоран Мираковски. На стартот се појавија 30 возачи, а 27 ја завршија трката.
Во 6 круг во водство беше Зоран Мираковски, Треневски беше третопласиран а Петрушевски беше петтопласиран. Но, тогаш наместо да ги затворат оние зад себе, дозволија да бидат престигнати. Сепак во најголем дел од трката македонските возачи покажаа зрелост, а веројатно на утрешната трка повторно ќе бидат во игра за висок пласман.
Марко Блажевски во квалификациите имаше трето најдобро време, но потоа на техничкиот преглед на првите петмина, казни добија првите тројца бидејќи нивните автомобили биле полесни од пропишаното. Затоа Блажевски, Мија Фабијан и Ник Полијанец стартуваа од последните редови.
Блажевски уште во првиот круг престигна половина од возилата пред себе и на крајот од првиот круг дојде до 16 место, а во вториот круг пред да дојде до инцидентот веќе беше на 10 место. Прекинот малку го наруши неговиот ритам, но сепак до крајот на трката напредуваше уште три места.
Во првенството на Македoнија, Петрушевски освои 20 бода, Треневски 18, Блажевски 15, Мираковски 12, Мурис Хамзиќ 8, Слободан Трајковски 6 и Борис Стојменов 5 бода.
Следната трка се вози утре од 16,55 часот повторно на Монца.