Го имаме изгледот на новата Tavria

ОБЈАВЕНО НА:

Се сеќавате ли на Tavria? Овој популарен автомобил се произведуваше од страна на ZAZ Tavria, советски, а потоа украински производител. Производството се одвиваше од 1987 па се до 2010 година, а покрај во Украина, се произведуваше и во Чиле, Колумбија и Аргентина.

По 11 години од крајот на производството на пикап изведбата, односно повеќе од 15 години на хечбек верзијата, на интернет се појави рендер од можниот изглед на новата Tavria. Автор на овој рендер е Ромад Приадко, украински дизајнер кој своеволно реши да го направи.

Секако, станува збор за неофицијален рендер, а од ZAZ нема потврда дека овој автомобил би можел повторно да се најде на производствените ленти.

Инаку во моментов, овој производител е сконцентиран во производството на комерцијални возила, а произведува и неколку модели на градски автомобили и тоа во соработка со кинески Chery.

Во Чиле овој модел се продаваше под брендот на Лада.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK