Германците потврдија: Ова се најдобрите автомобили за препродажба

ОБЈАВЕНО НА:

Независниот пазарен набљудувач Sсhwасkе GmbH и гeрмaнcкoтo aвтoмoбилско списание Аutо Bild ги одликуваа автомобилите со најстабилна вредност веќе 17 година по ред. Оценката е направена на база на многу критериуми и надворешни фактори, како што се целокупниот економски развој, новите законски побарувања и тенденциите на клиентите.

А кога Германците ги одредуваат овие возила, тие сигурно покажале квалитет што е признаен и од страна на сопствениците.  Исто така се оценуваат и оперативните трошоци, концепцијата на производот, дизајнот, понудата на опрема и цената. Покрај тоа се земаат предвид и квалитетот на производот, очекуваниот општ број на произведени единици, отстапките, предлозите од производителот и претстојните промени во моделот.

Во продолжение можете да ги видите автомобилите за препродажба, кои можете да ги купите како нови во текот на оваа година. Сега работата е што добар дел од овие возила ги нема на нашиот пазар или од различни причини не се „интересни“ за нас. Но, секако има и добропознати возила кои со години се докажани и на македонскиот пазар.

Електромобили до 40.000 евра: Mini Cooper SE Trim L (61,56% зачуван квалитет)

Електромобили над 40.000 евра: Tesla Model S (57,75%)

Миниавтомобили: Hyundai i10 1.2 Trend (61,34%)

Мали автомобили: Mini One Blackyard (61,72%)

Компактни автомобили: Toyota Corolla 2.0 Hybrid Lounge (59,83%)

Средна класа: Skoda Superb Combi 2.0 TSI 4×4 (56,42%)

Висока класа: Audi A6 Avant 50 TDI Quattro (47,83%)

Луксузна класа: Porsche Panamera 4 (48,59%)

Спортски автомобили: Porsche 911 Carrera S (59,75%)

Комби возила: Mercedes V-Klasse V 250 d L Exclusive (56,41%)

Мали СУВ: Renault Captur TCe 155 Edition One (61,33%)

Компактни СУВ: Range Rover Evoque P250 R-Dynamic HSE (64,99%)

СУВ: BMW X5 xDrive25d xLine (58,20%)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK