Поминаа точно 100 години откако автомобилската компанија Ford го лансираше познатиот модел ТТ, претходник на денешните комбе и пикап возила.
“Неверојатно е тоа што денешните комбиња се милиони километри од Моделот ТТ во однос на првичниот изглед кога пристигнаа. Но, фундаментално, тие ја прават истата работа како што биле дизајнирани пред сто години – обезбедување флексибилни начини за движење на бизнисот“, вели Ханс Шеп, генерален менаџер, Комерцијални возила во Ford Европа.
Иако е помалку познат од Ford модел T (икона за глобалниот успех на оваа компанија), сепак Ford моделот TT имаше огромно влијание врз денешниот изглед на комбе и пикап возилата. Овој модел е првото Ford-во возило од еден тон. Сопствениците можеле да ја прилагодат шасијата на сопствените потреби со товарен кревет за пренесување буквално сé – од писма до гориво.
Првично е лансиран на американскиот пазар, а првите возила биле направени во Манчестер, Велика Британија. Моделот ТТ бил подолг и посилен од моделот Т, со кабина каде може да седат возачот и совозач. Моторот на овој модел се стартувал со рачка во предниот дел на возилото. Исто така, за полесно возење, сопствениците можеле да користат, за тогаш, модерни гуми полни со воздух наспроти цврстата гума.
Денес, Ford ги нуди најдобро продаваните комерцијални возила во Европа, како што се Transit, Transit Custom, Transit Connect, Transit Courier, and Ranger pickup.
ПР соопштение на Ми-Да гранд моторс