Тркалата на автомобилите не треба само да изгледаат добро. Овие тркалезни работи исто така трба да му обезбедат на возачот чувство за безбедност во движењето. И тоа треба да биде така во секоја ситуација. Затоа сите производители работат напорно по оваа важна тема. Една од најголемите иновации со сигурност е интелигентниот погон на четири тркала од Ford. Производителот на автомобили со седиште во Келн сега оди еден чекор понапред.
Сега Ford ги испраќа сите модели Kuga, вклучително и новиот целосен хибрид, на пат со „интелигентни тркала“. Но, што практично носи оваа технологија? Системот за управување на AWD на Kuga се потпира на вештачка интелигенција (AI), за да ја насочи моќноста кон предните тркала на пример над површини на патот кои се непроблематични во однос на влечењето и во добри временски услови. Во крајна сметка тоа исто така треба да доведе и до повисока ефикасност на горивото.
Пресметката на инженерите на Ford звучи убедливо. Возачот на Kuga со интелигентен погон на сите четири тркала би требало да постигне заштеда на гориво од околу 6,5 проценти во споредба со слично превозно средство со постојано активиран погон на сите четири тркала. На прв поглед, ова може да исгледа скромно, но возачите кои управуваат почесто и повеќе, дефинитивно ќе го ценат овој курс кон заштеда.
„Погонот на сите четири тркала е корисен не само кога се користи надвор од патот. Дополнителното влечење може исто така да направи возењето по нормални патишта да биде полесно, побезбедно и помалку стресно особено во зима. Новиот целосен хибрид Kuga е развиен неѓудругото да ги намали трошоците за гориво.
Благодарение на вештачката интелигенција, која го контролира AWD системот, возачот може да заштедува пари. И тој сè уште може да го искористи погонот на сите тркала доколку е потребно“, вели Глен Гулд, кој одговара за програмата Kuga во Ford.
Системot AWD на новиот целосен хибрид Kuga не е со траен активиран погон на сите тркала, а системот, кој ја насочува моќноста на моторот кон двете оски само кога е неопходно. Сензорите на системот Kuga AWD го следат интервалот од помалку од 20 милисекунди дали има некакво лизгање меѓу тркалата и патот. Поради оваа причина моќноста на погонот се распределува на сите четири тркала, како што е неопходно за да се обезбеди најдобриот можен контакт и безбедно вртење во свиоците.
Ефективноста на целосниот хибрид Kuga е навистина импресивна. Во комбинација со 2.5-литарскиот бензинец Duratec и електричниот мотор напојуван од батерија од 1,1 кВтч, моторот развива моќност од 112кВт/152 коњски сили, додека електромоторот развива 92 кВт/125 коњски сили.
Потенцијалните клиенти не треба да се плашат од недостигање на километража. Благодарение на хибридниот погон, според Ford, треба да се можни до 1000 километри.