Fiat заедно со партнерот Koc Holding го прослави 500 илјадитиот произведен Tipo автомобил во турската фабрика во Бурса, западна Турција.
Јубилејниот 500 илјадитиот автомобил е опремен со 1,6 литарски Multijet DCT мотор со 120 КС во Passion црвена боја со црн кров и внатрешност во новата Total Black боја.
Овој автомобил е од Sport изведбата на Tipo која беше лансирана на почетокот на оваа година, а меѓудругото ќе биде претставена и на саемот за автомобили во Женева во март годинава.
Tipo или Egea како што.е познат овој автомобил во Турција, започна да се произведува во 2015 година кога беше претставен овој автомобил како замена за Fiat Linea Во целост е раззвиен од страна на центарот за дизајн на Fiat во Торино, а покрај во Европа и Турција овој автомобил под брендот на Dodge се продава и во Мексико и Блискиот Исток.