Fiat E-Ducato е избран за „Комбе на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

Пред некоја седмица моделот Fiat Ducato наполни 40 години и прослави за тоа што е неприкосновен лидер во својот сектор, благодарение на важниот продажен рекорд постигнат минатата година како најпродавано комерцијално возило во Европа според изворот на Dataforce со над 150.000 продадени единици.

За време на Ecomondo во Римини, референтен настан во Европа за еколошката транзиција и новите модели, E-Ducato доби уште едно признание за “одржлив камион на годината 2022“ во категоријата на комби возила.

Анализата беше спроведена од група експерти, а елементите кои беа предмет на евалуација беа: моторот и видот на горивото, пренос, безбедност, удобност, поврзување и конечно општа одржливост претставена со специфични елементи.

Лидер е во својот сегмент од 2014 година и најпродавано комерцијално возило во 2020 година, Ducato е исто така неприкосновен лидер во сегментот „големи комби“ на 13 европски пазари и е единствениот што е создаден специјално за да стане база за автодомови.

Прославите продолжуваат и во текот на 2021 година, постигнувајќи важна пресвртница на крајот од неговата 40-та година од животот со 100% електричната верзија на моделот, претставена на јавноста минатиот април.

Првиот Ducato на струја има батерии поставени под подот, оставајќи капацитет за товар од 10 до 17 кубни метри волумен од речиси 2 тона во маса. Други очигледни предности се оптималната распределба на тежината и спуштањето на центарот на гравитација, што го подобрува управувањето со возилото во сите услови на оптоварување.

E-Ducato може да постигне перформанси еквивалентни на оние верзии опремени со дизел мотори, благодарение на електричниот мотор со максимален вртежен момент од 280 NM кој испорачува до 90 kW моќност (приближно 122 коњски сили) и забрзување од 0 до 50 km / ч за 5 секунди.

Во зависност од батеријата што ја им авградено, дометот со едно полнење е од 170 до 235 км. (47 kwh) или 280 do 350 kм. (79 kWh). Bатериите имаат гаранција од 10 години или 220.000 km кај верзијата од 79 kWh и 8 години или 160.000 km кај верзијата од 47 kWh.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK