Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Ферстапен на Red Bull со триумф во Мајами влезе во историјата на Ф1 како прв победник на оваа трка. Трката во Мајами ќе се вози во следните десет години. На подиумот покрај Ферстапен се искачија и двајцата возачи на Ferrari, Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Сега бодовната разлика меѓу Леклер и Ферстапен е 19 бода во однос на возачот на Ferrari. Леклер има 104 бода, а Ферстапен 75. На трето место во генерален пласман е Серхио Перез со 66 бода. Возачот на Red Bull освои и плус бод за најбрз круг на трката со што вкупниот број на бодови што ги став на својата сметка се 26.
Ферстапен тргна кон нов триумф откако уште на почетокот од трката го мина прво Карлсо Саинз на стартот, а потоа и Леклер кој ја имаше пол позицијата. И се до пред 10 круга до крај на трката немаше неизвесност кога поради влегување на безбедносното возило повторно се наредија болидите еден зад друг. Леклер „фрли се“ во следните пет круга, но не доволно да го мине Ферстапен.
Ова е трет триумф за Ферстапен сезонава во Ф1.
1 | Max Verstappen | NED | Oracle Red Bull Racing | 57 Laps |
2 | Charles Leclerc | MON | Scuderia Ferrari | + 3.786s |
3 | Carlos Sainz | ESP | Scuderia Ferrari | + 8.229s |
4 | Sergio Perez | MEX | Oracle Bull Racing | + 10.638 |
5 | George Russell | GBR | Mercedes AMG Petronas Formula One Team | + 18.582 |
6 | Lewis Hamilton | GBR | Mercedes AMG Petronas Formula One Team | + 21.368 |
7 | Valtteri Bottas | FIN | Alfa Romeo F1 Team Orlen | + 25.073 |
8 | Esteban Ocon | FRA | BWT Alpine F1 Team | + 28.386 |
9 | Fernando Alonso | ESP | BWT Alpine F1 Team | + 32.128 |
10 | Alexander Albon | THA | Williams Racing | + 32.365 |
11 | Daniel Ricciardo | AUS | McLaren F1 Team | + 35.902 |
12 | Lance Stroll | CAN | Aston Martin Aramco Cognizant Formula One Team | + 37.026 |
13 | Yuki Tsunoda | JPN | Scuderia AlphaTauri | + 40.146 |
14 | Nicholas Latifi | CAN | Williams Racing | + 49.936 |
15 | Mick Schumacher | GER | Haas F1 Team | + 73.305 |
16 | Kevin Magnussen | DEN | Haas F1 Team | + 1 круг |
DNF | Sebastian Vettel | GER | Aston Martin Aramco Cognizant Formula One Team | |
DNF | Pierre Gasly | FRA | Scuderia AlphaTauri | |
DNF | Lando Norris | GBR | McLaren F1 Team | |
DNF | Guanyu Zhou | CHN | Alfa Romeo F1 Team Orlen |