Со кратко видео објавено на нивниот YouTube канал, Ferrari ја најави премиерата на новиот спортски модел која е закажана за 24 јуни годинава.
Веста доаѓа неочекувано ако се знае дека истиот не е претходно најавуван. Се очекува да новиот модел е целосно хибриден автомобил кој се развива под кодната ознака F171.
Се шпекулира дека ќе дојде со 3,0 литарски twin-turbo V6 бензински мотор и еден електромотор кои заедно би продуцирале 723 КС и 1.085 Nm обртни моменти. Автономијата со едно полнење на батериите изнесува околу 30 км.
Сигурно е дека во производство ќе се појави на почетокот на следната година, а продажната цена ќе биде над 200 илјади евра.

Следете не и на:

