Ferrari F80: Ќе има 1.200 КС, чини 3,6 милини евра и само 799 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari ги изненади и воодушеви своите фанови претставувајќи го најмоќниот сериски автомобил во својата историја. Го носи името F80 и го наследува LaFerrari, продолжувајќи ја историјата на брендот во хиперавтомобилите.

F80 е придвижуван од 3.0-литарски V6 мотор во комбинација со три електромотори кои обезбедуваат системска моќност од 1.200 коњски сили. F80 забрзува од 0 до 100 километри на час за само 2,15 секунди и достигнува максимална брзина од 350 км/ч.

Дизајнот на F80 е подеднакво импресивен. Неговата асиметрична монокок шасија е изработена од јаглеродни влакна и композитни материјали, а кокпитот ориентиран кон возачот има нов волан и седишта со различна боја.
Дизајнерските елементи на F80 му оддаваат почит на наследството на Ферари, инкорпорирајќи елементи од моделите Daytona и F40. Активната аеродинамика инспирирана од Формула 1 ги подобрува перформансите и надолната сила, обезбедувајќи 1.050 килограми надолна сила при 250 км/ч.

F80 е опремен со напредни технолошки карактеристики како „Boost Optimization“, што обезбедува дополнителна моќ при претекнување. Автомобилот ја поседува и врвната технологија за сопирање CCM-R Plus на Brembo, која нуди супериорна моќ за сопирање.

Активниот систем на суспензија од Multimatic обезбедува рамнотежа помеѓу удобноста при возењето и управувањето со патеката. Електричните мотори на F80 се напојуваат од 800-волти литиумски батерии со вкупен капацитет од 2,3 киловат часови.

Ferrari F80 чини 3,6 милиони евра и ќе бидат произведени само 799 примероци, а првите испораки ќе започнат кон крајот на 2025 година. Крајот на производството е планиран за 2027 година за да ја одбележи 80-годишнината од марката oд Маранело

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK