Веќе некое време се зборува за лансирањето на Ferrari 812 Spider. Сега, информациите се погласни од било кога па се очекува премиерата да се случи во септември, на специјален настан организиран од страна на италијанскиот производител.
Во однос на погонот, истиот ќе биде позајмен од основната 812 изведба. Тоа значи дека ќе располага со 6.5 литарски V12 кој располага со 588 kW односно 800 КС при 8.500 обртаи во минута.
Оттука до 100 км/ч ќе забрзува за 2.9 секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне ќе изнесува 340 км/ч.
Она што е потврдено засега е дека овој автомобил ќе биде произведен само во лимитиран број.