Европскиот парламент бара: Станици за полнење на ЕВ возила на секои 60 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот парламент го прифати барањето на европратениците за изградба на инфраструктура за полнење на електрични возила, каде што на секои 60 километри од патната мрежа има најмалку една станица за полнење на 100% електрични возила (BEV).
Исто така на секои 100 километри да има по една станица и за автомобили со водород ќелии, како и намалување на штетните емисии во превозот.

Европратениците се согласија да постават минимални задолжителни национални цели за распоредување на инфраструктурата за алтернативни горива, при што земјите-членки треба да го претстават својот план за имплементација до 2024 година.

Според усвоениот текст, до 2026 година треба да има најмалку една точка за полнење на електрични возила на секои 60 километри од главните патни мрежи во ЕУ.
Истото правило ќе важи и за тешките товарни возила и автобусите, каде ќе треба да се изградат и станици за полнење со поголем капацитет за полнење.

Новиот предлог предвидува станиците за полнење да бидат достапни за сопствениците на електрични автомобили од сите марки, а плаќањето да биде унифицирано, достапно и споредливо по цена и услуга.

Во однос на превозот, европратениците сакаат да ги намалат емисиите на стакленички гасови за 2% до 2025 година, за 20% до 2035 година и за 80% до 2050 година во споредба со нивоата од 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK