Европа се освестува: Скока побарувачката за возила на алтернативен погон

ОБЈАВЕНО НА:

Побарувачката за возила на алтернативен погон (AFV) продолжува да се зголемува во Европа, потврдија од Европската асоцијација на производители, откако е постигнато рекордно ниво во првите три месеци од годинава.

Во периодот јануари – март 2017 година, продажбата на хибриди скокна за 61,2 отсто, на 111.006 возила. Дополнително и плаг-ин хибридите се продаваат подобро за 13 отсто, односно 21.644 возило се ново регистрирани, а побарувачката за целосно електрични возила скокнала за 49 отсто, односно 24.592 возила.

Европската асоцијација на производители потврдија дека електричните возила на батерии се најпопуларни во Франција каде има 7.402 продадени возила, споредено со 6.022 од лани. Во Германија скокот е 117 отсто кај електричните возила на батерии, односно од ланските 2.332 возила на 5.060 во првите три месеци од годинава.

Во Европа, поточно во Европската Унија се продадени вкупно 212.945 возила на алтернативен погон во првиот квартал, што е 37,6 отсто повеќе во однос на лани.
Годинава моделот Renault Zoe е најпопуларно електрично возило на пазарот со 9.000 возила, односно 14,7 отсто од вкупниот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK