Mercedes ја користи претстојната климатска конференција COP26 за да ги истакне своите напори во областа на електричните возила за да покаже дека одржливоста претставува повеќе од само префрлање на батерии. Најдобар пример е моделот Sustainer, еколошки концепт за електрично доставно комбе.
Sustainer има филтри за честички напред и под шасијата, и ги користи за прочистување на воздухот без оглед на брзината на движење. Тој дури користи керамички дискови обложени со керамички лак за да ја намали количината на прашина во воздухот и да го ограничи абењето на сопирачките.
Концептот доби и соларни панели на покривот, што ја намалува потребата за полнење преку приклучок, а исто така го зголемува опсегот на движење. Може да ги полни и електричните алати и лаптопи без разлика дали комбето се движи или не. Сончевата енергија во комбинација со електрични возила не е ништо ново, но Mercedes се надева дека нивната имплементација ќе ги направи електричните возила што е можно по „зелени“.
Преостанатата еколошка технологија вклучува систем за греење што штеди енергија, а во голема мера се користат рециклирани материјали. Преградата во кабината е изработена од природна слама, а шасијата од рециклиран полипропилен и искористена гума. Mercedes го намали и загадувањето со бучава благодарение на тивкиот електричен погон, гумите со низок отпор и пригушените автоматски врати.
Безбедноста е исто така на високо ниво, така што камерата ги следи условите на патот и споделува извештаи за дупки и други опасности во градовите, додека дигиталните ретровизори нудат појасно видно поле во споредба со стандардните комбиња. „Биолошки активното“ светло го држи возачот буден благодарение на осветлувањето слично на дневната светлина, но природниот ритам се одржува.
Засега нема планови за масовно производство на Sustainer, но Mercedes не ја исклучува можноста за тоа.