bentley 100-gt-concept

Електричниот Bentley ќе има 1400 КС и ќе забрзува до 100 км/ч. за 1,5 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Извршниот директор на Bentley, Адријан Холмарк, изјави дека првиот електричен модел на брендот би можел да има 1.400 коњски сили кога ќе биде претставен во 2025 година. Оваа моќност ќе овозможи исклучително лесно забрзување. „Ако сега имаме 650 коњски сили со GT Speed, тоа ќе го удвоиме со целосно електричниот модел“, изјави Холмарк за Automotive News Europe.

Тој исто така рече дека забрзувањето од 0 до 100 км/ч. е проблем кој создава непријатности и мора да има решение. Bentley најде такво решение, што му овозможува на возачот да го прилагоди забрзувањето. Така, од 0 до 100 км/ч. може да забрза за 2,7 секунди или за 1,5 секунди.

Електричниот Bentley ќе биде изграден на платформата PPE, која може да се најде во електричните Q6 E-Tron и Porsche Macan EV. Холмарк исто така вели дека компанијата ќе се обиде автомобилот да изгледа како конвенционален автомобил, а не како електричен.

bentley 100-gt-concept

Во 2020 година, Bentley го претстави концептот EXP 100 GT, кој има четири индивидуални седишта, две големи врати и елегантен дизајн. Според последните гласини, првиот целосно електричен модел на марката ќе биде позициониран во SUV сегментот, но се уште нема потврдени информации дека тоа ќе биде така.

Една од варијантите на EV се очекува д ачини над 250.000 евра. Оваа цена е бидејќи електричниот системќе бид епоевтин отколку актуелниот со 12 цилиндричен мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK