сабота, 25 ноември, 2025 година

Електрична Corsa на пазарот од 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во 2020 година од Opel ќе лансираат електрична верзија на популарниот модел Corsa. Премиерата на електромобилот ќе биде една година после претставувањето на новата генерација на Corsa на конвенционален погон.

Corsa EV треба да е ривал на моделот на Renault, Zoe, со кој се во иста класа. Субкомпактниот електромобил треба да ја пополни празнината, која остана после моделот Ampera-E, чијшто циклус заврши откако PSA го купи Opel од GM минатата година.

- Advertisement -

Oд германската компанија потврдија дека сите верзии на следниот Opel Corsa ќе се произведуваат во компанијата во Сарагоса во Шпанија. Тоа стана можно откако во јануари компанијата се договори за намалување на расходите во производството како и за замрзнување на платата на работниците.

Со новата генерација на Corsa, во Opel ќе преминат на платформата на PSA, која е создадена како за електрични, така и за хибридни и конвенционални модели.

Минатата година продажбата на Ampera-E стигна до 1981 возило, а моделот е близок на американскиот Chevrolet Bolt.

Електрифицирањето на сите модели на Opel е дел од планот на PACE за преобразба на компанијата. До 2020 година треба на пазарот треба да се појавата четири електрифицирани модели, а меѓу нив е и plug-in верзијата на СУВ моделот Grandland X.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја