Добил Mitsubishi Еvо 9 на томбола – го искршил следниот ден

ОБЈАВЕНО НА:

Помалку од 24 часа откако маж од Велика Британија ги зема клучевите за Mitsubishi Lаnсеr Еvо 9, истиот го „слупа“. Интересно е тоа дека автомобилот е освоен на томбола, а од компанијата која ја организира истата потврдија дека инцидентот се случил со нивниот автомобил.

Од полицијта првично објавија на Твитер, каде што се гледаше фотографија на удреното Evo, но подоцна ја тргнале поради непознати причини. Точните причини за инцидентот, не се знаат, дека возилото е пријавено со тотална штета.

Исто така се знае дека мажот кои го освоил и го управувал возилото Mitsubishi Lancer немал посериозни повреди, а може да се претпостават и причините поради кои дошло до несреќата.

Adam Griffiths was straight over today to collect this stunning Evo IX he won in last nights draw 👌.

A lovely example this was, which I’m sure he will get many happy miles from!

Enjoy 😊

Posted by Dream Car Giveaways on Вторник, 27 април 2021

Имајќи ја предвид моќноста на автомобилот најверојатно не толку вештиот возач во комбинација со влажниот асфалт, придонеле за инцидентот, па резултатите на крајот не се изненадување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK