Последните податоци на Асоцијацијта на автомобилските производители во Европа (ACEA) покажуваат дека 92,8% од регистрираните автомобили во минатата година во Европа биле нови леснотоварни возила со дизел мотор. Учеството во миксот на автомобили со бензинов мотор е едвај 4,4%, електрифицираните биле со 1,2%, а другите со алтернативен погон биле 2,8%.
Бројот на регистрирани нови леснотоварни автомобили во Европа во 2019 година, кои биле опремени со дизел мотор е зголемен со 2,4% до ниво од 1.956.004 примероци, а побарувачката е зголемена за 7,7% во Германија, за 3,4% во Франција и со 1,7% во Велика Британија, додека во Италија и Шпанија е намалено со соодветни 0,3% и 4%.
Регистрациите на новите бензинци кај леснотоварните автомобили е зголемено во Европа во минатата година со 14,9% до 93.373 примероци. Со исклучок на Германија каде што е забележан пад од 11,7% на другите четири основни пазари на континентот се забележува постојан пораст: Шпанија (+30,3%), Франција (+27,9%), Италија (+65,3%) и Велика Британија (+12,4%).
Податоците на ACEA велат дека бројот на електрифицирани леснотоварни автомобили во Европа е зголемен со 22,9% до ниво од 26.107 примероци, а најголемата побарувачка на овие автомобили имаат во Франција (8.087 примероци) и Германија (6.704 примероци).