Дилема на многу возачи: Широки или тесни гуми?

ОБЈАВЕНО НА:

Гумите се еден од најважните делови од автомобилот и затоа е секогаш важно да бидат одбрани најдобрите. Голем дел од возачите сакаат летните гуми да им изгледаат многу поатрктивно отколку зимските. Поради тоа во текот на летото главно избираат широки и гуми со низок профил, додека тесните почесто ги користат преку зимата. Изборот на гуми влијае на обликот на автомобилот, удобноста при возење и на многу други карактеристики.

Се почесто сооствениците на автомобили имаат два комплети на тркала. Еден од нив го користат преку лето, а другиот преку зима. Избор кој е распространет меѓу возачите е да користат малку поголеми и соодветно поскапи тркала за летните гуми.

„Ако возите автомобил со зимски гуми, додека одите да купите летни е важно да ја знаете големината на тековниот комплет на летни гуми. Во спротивен случај ризикувате бандажите да не ви одговараат на новите гуми“, велат производителите на гуми.

Кога треба да се купуваат гуми е потребно да ги следите препораките на автомобилскиот производител. Може да се провери во документите на автомобилот, вклучувајќи го и прирачникот од возилото каде што е запишана големината на гумите, како и можните алтернативни размери.

Секогаш безбедноста треба да биде на прво место, а потоа изгледот. И важно е да се придржувате на пропишаните мерки, зато така ќе имате и удобно возење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK