Европа важи за најстариот континент, но и еден од најубавите кој на свое тло има голем број на градови кои вреди да се посетат во текот на целата година.
Веројатно за поголемиот дел од нив не ви е потребен ниту водич кога се во прашање најромантичните места во Европа.
Сепак, има десет градови каде можете едноставно да уживате во романтичните погледи, места, импресивна архитектура, вкусна храна и прекрасна атмосфера.
Рим
Со своите плоштади од калдрма, традиции и барокни храмови, Рим е речиси како филм од типот на La La Land (пеењето на избраните оперски арии не е задолжително). Можеби нема да ви биде дозволено да влезете во фонтана Ди Треви како што и беше на Анита Екберг во Ла Долче Вита, но има многу други живопосни места за забава и искажување љубов. И мекото време, исто така, помага да се разгори љубовниот пламен.
Венеција
Тешко е да се спомене името Венеција без да се искористи зборот „романтичен“. Од нејзините пастелни рефлексии во тивките канали до гондолите, кои минуваат низ лавиринтот на каналите и улиците каде тишината ја расипува само едно необично ехо. Секоја педа од Венеција значи романса.
Илузијата ќе биде уништена од време на време, додека се пробива пат низ народот за да се дојде до мостор Ријалто или при чекањето на долгата редица за да се влезе во базиликата Сан Марко. Штом се оддалечите и одите по тивка улица и магијата се враќа назад.
Париз
Главниот град на Франција е класика, која ретко разочарува. Тоа е град на романса самиот по себе, кога станува збор за еден викенд. Тивки прошетки по мостовите на Сена, кафе или коктел на некоја тераса, вечера на свеќи во некое бистро, бакнежи во темно на врвот на Ајфеловата кула… Тоа се типични моменти во Париз, кои го прават посебно привлечен.
Дубровник
Стариот град на Дубровник ве води со векови наназад по калдрмните улици, полни со барокни камени згради. Надвор од средновековните градски ѕидини може да се капете во длабокото сино Јадранско море на модната плажа Бање или да фатите такси бродче до островот Локрум со ботаничка градина и пауни. Направете обиколка на винариите на полуостровот Пелешац а за вечера изберете свеќи во мало ресторанче во Стариот град на Дубровник или во Орсан со поглед кон пристаништето.
Фиренца
Овој ренесансен дијамант не е случајно една од омилените дестинации во Италија на свадбените патувања. Дури и Ким Кардашијан и Кање Вест во 2014 година во мај таму ја правеа својата свадба. Од три страни градот е заобиколен со бескраен пејсаж од ридови, прошарани со меки вили, маслинови градини. Фиренца нуди некои од најголемите светски богатства на уметноста, првокласни продавници, прометна ресторанска сцена, многу можности за бесцелно лутање и одличен избор на хотели. За нешто малку оразлично, изнајмете чамец кој ќе бе однесе до Арно на зајдисонце, а не заборавејте и шише шампањ.
Мадрид
Овој град е создаден за романтични моменти. Со прошетката може да почнете околу ручек, па може да одморите со чаша вермут во кафеаните на тротоарот на Плаза де ла Плаја. Потоа минете едно помпладне на тапас во Астурија. После зајдисонце може да се упатите кон волшебниот храб „Дебод“, древна египетска структура, ориентирана кон заоѓање на сонцето, по што можете да прошетате покрај кралскиот дворец до Лас Вистијас за да набљудувате како Месечината се искачува кон планината Гвадарама.
Барселона
Ова е навистина привлечно место и има по нешто за секого. Прошетките се најубави на плажа на зајдисонце и низ преплетените улички каде можете да го откриете идеалниот мал бар за секој вкус. Пробајте некои локални шунки и црвено вино и можете да направите пикник во некоја градина.
Лисабон
Градот од Португалија е град на искушение и мистерија. Тесните улички, долгите сенки, светлината на фенерите над калдрмата, Месечната, танцувањето над позлатените куполи до хоризонтот, објавени од фадо. Можете да се загубите низ Лисабод, да бидете заведени, да се вљубите…
Будимпешта
Романтичноста е во срцето на Будимпешта. Дунав минува низ срцето на градот, а мостовите блескаат со илјадници светилки преку ноќта. Дворецот владее на едниот брег, а на другиот се широки плоштади со пријатни кафеани. Насекаде има прекрасни булевари и улички бидејќи ова е место создадено за убави прошетки.
Прага
Главниот град на Чешка често се споменува како еден од најромантичните во Европа и тоа со една главна причина. Се простира на двете страни од реката Влтава, а нејзиниот заштитен знак е архитектурата од 17. и 18. век, елегантни палати и градини, како и криви улици со калдрма кои често ги тераат посетителите да се чувствуваат дека влегле во историски филм. Погледот во замокот во Прага или Летна Парк едноставно може да ви го запре здивот.