Дејвид Бекам е новиот промотор на Maserati

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ЛА Галакси, Милан, ПСЖ како и англиски репрезентативец, Дејвид Бекам, е новиот промотор на Maserati. Ова го потврди италијанскиот производител при што објави и кратка видео реклама на својот YouTube канал.

“Брендот продолжува да ја спроведува својата мисија влегувајќи во нова ера. Maserati како бренд е мотивиран да ги менува рабоите, да биде иновативен по природа, да ја движи страста и единствениот идзајн. Партнерството со Дејвид Бекам само ги потенцираше нашите вредности” изјави Паоло Тубито, маркетинг директорот на Maserati по повод соработката со харизматичниот англичанец.

“За мене ова е идеалното време да го започнам овој проект со Maserati, легендарниот италијански бренд кој го почитувам поради иновациите и дизајнот” изјави Дејвид Бекам кој додаде дека е среќен што ќе може да придонесе за глобалниот раст на овој бренд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK